За Компанијата

Компанијата DOGAN Air Conditioning Solutions со ова име е позната неодамна, меѓутоа на пазарот постоиме уште од далечната 1991 година, како продавница за компресори и сервис за фрижидери “ДОГАН”. Но таа мала продавница многу брзо порасна на мулти национална компанија, и нашиот одел за климатизација го доби ова ново име.

Покрај работата на нашите сестрински компании Доган Фриго и Доган Сервис, ние се занимаваме со проектирање, изведба, и одржување на секакви видови резиденцијални, комерцијални и индустриски HVAC системи.

ДОГАН е увозник и дистрибутер на интернационалниот бренд LG – лидер во технолошка иновација и поим за кредибилитет на пазарот на HVAC системите, од појавата на првата клима за домаќинство во 1968, па сè до воведувањето на еден од најефикасните и најсигурни VRF системи во светот денес, MULTI V 5.

Оваа соработка ни овозможува понуда на широка палета на производи и услуги, од проектирање и изведба на најкомплексни VRF системски решенија до едноставни инвертер климатизери за домаќинства.

Нашиот Пристап

Од идеја до задоволен потрошувач

Секој проект е уникатен и без оглед на нивото на неговата комплексност, ние детално ги имплементираме сите поединечни фази на процесот од почеток до крај, со цел успешно менаџирање на ресурсите и роковите, минимализирање на можностите за грешка и проценка и елиминирање на можните ризици, преку инжинеринг на нацрти и концептуален дизајн па се до тестирање, инсталација и сервис.

Нашата главна цел е обезбедување на задоволни клиенти преку:

  • Испорака на врвен квалитет и услуга 
  • Енергетска ефикасност и максимална заштеда на електрична енергија
  • Намалување на трошоците и максимизирање на придобивките од новите технологии
  • Имплементирање на иновативни решенија со цел задоволување на потребите на клиентот во рамки на предвидениот рок и буџет 
  • Продолжена соработка со клиентот преку обезбедување квалитетна поддршка и сервис

Нашата Мисија

Нашата мисија е фокусирана на задоволување на потребите на домашниот и регионалниот пазар за сите видови на системи за греење, ладење и вентилација преку испорака и инсталација на најквалитетни и енергетска ефикасни решенија. Наша мисија е и едукација на поединечните таргет групи за предностите од имплементација на најновите технолошки иновации од сферата на HVAC системите и придобивките од истите за крајниот потрошувач.

Засновани на нашиот динамичен тим и долгогодишно искуство ние го постигнавме тој цел, и ги завршивме едни од најголемите проекти во Балканскиот регион, и сме горди на нашата сегашна позиција во HVAC секторот.

Следната фаза на нашата стратегија вклучува одржување на нашата доминација во HVAC секторот и градење нови односи со важни клиенти заедно со кои ќе го обликуваме идниот изглед на Балканот.